Утрински Весник
Свет

Во Бугарија рекорден број на новозаразени со Ковид-19

Во Бугарија рекорден број на новозаразени со Ковид-19

Бугарија го потврди највисокиот дневен рекорд, со 4.851 новозаразени од Ковид-19, а Полска е на пат да потврди уште 29.000 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа.

Во Бугарија, која има седум милиони жители, бројот на заразени достигна 312.741 од почетокот на пандемијата, од кои според здраствените власти 12.307 се починати.

Лоша е ситуацијата со Ковид-19 и во Полска, изјави висок советник на полскиот премиер Михал Дворчик.

„Сè уште ги чекаме конечните податоци, но сите индикации се дека ќе имаме повеќе од 29.000 нови зарзени со коронавирус“, изјави Дворчик.

Највисок дневен рекорд на заразени во Полска е потврден во ноември минатата година со 27.875 лица, потсетува Ројтерс.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Велика Британија: Температурата во училниците повисока од 40 степени Целзиусови

Јапонската вселенска агенција го изведе првиот пробен лет на ракета за повеќекратна употреба

Извор за иранските медиуми изјавил дека нема да има преговори додека САД не се повлечат од своите ставови