Утрински Весник
Спорт

Јокиќ не запира, Харден го доби дуелот со Лилард

Јокиќ не запира, Харден го доби дуелот со Лилард

Никола Јокиќ сериозно ја истакнува кандидатурата за МВП наградата. Центарот на Денвер Нагетс, изминатата ноќ го запиша 12. трипл-дабл во сезоната, 53. во кариерата. Во досегашниот тек од сезоната, само Расел Вестбрук има повеќе трип-дабл учиноци од Јокиќ.

Денвер Нагетс, заблежаа победа на Флорида, во дуелот со Орландо Меџик 110:99. Јокиќ за 37 минути забележа 28 поени, 15 скокови, 10 асистенции, две украдени топки и една блокада.

Јокиќ го надигра својот пријател Никола Вучевиќ, кој за Орландо Меџик забележа 18 поени, седум скока и две асистенции. Најефикасен на овој натпревар беше Еван Фурние од Орландо со 31 поен.



Дербито помеѓу Бруклин и Портланд им припадна на Нетс 116:112.

Портланд и Демијан Лилард (22 поени, 9 асистенции), немаа решение за Џејмс Харден (25 поени, 7 скока, 17 асистенции).

Од асистенциите на Харден профитираа Џеф Грин (20 поени) и Џо Херис (17 поени). Кај Портланд покрај Лилард се истакна уште само Енес Кантер (19 поени, 19 скокови).

ЛА Лејкерси, без Леброн Џејмс и Ентони Дејвис не можат никого да победата. Актуелните шампиони го положија оружјето пред Њу Орлеанс Пеликанс (111:128).

Брендон Инграм на својот поранешен клуб му испорача 36 поени, Зајон Вилијамсон постигна 27.

Резултати:

Њујорк-Вашингтон 131:113
Мајами-Финикс 100:110
Голден стејт-Филалделфија 98:108.

> Јокиќ не запира, Харден го доби дуелот со Лилард <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонската делегација го обжали поразот на Рустемовски

Познати сите учесници во групната фаза на Лигата на шампионите

Нов медал за Македонија во Таранто: Боксерот Рустемовски со бронзен медал