Утрински Весник
Магазин

Дизни ја одложи премиерата на „Црна вдовица“

Дизни ја одложи премиерата на „Црна вдовица“

„Волт Дизни ко“ во вторникот (23 март) ја одложи светската премиера на „Црна вдовица“ од студиото Марвел за два месеци до јули и соопшти дека филмот најверојатно ќе се прикажува истовремено во киносалите и на стриминг-платформата „Дизни плус“ за одредена сума.

Кино-операторите се надеваа дека филмскиот спекаткл  со Скарлет Јохансон во главната улога ќе ја започне летната сезона на блокбастери на почетокот на мај и ќе ги привлече луѓето назад во киносалите по долготрајното затворање среде пандемија.

Скарлет ја глуми Наташа Романоф, поранешна руска шпионка која станува суперхерој.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Куба разви лек против меланом

Во Белгија едно од 20 деца го повторува првото одделение

Чудни навики кај децата што ги загрижуваат родителите – еве што велат стручњаците