Утрински Весник
Магазин

Хелен Мирен ќе глуми негативец во „Шазам: Бесот на боговите“

Хелен Мирен ќе глуми негативец во „Шазам: Бесот на боговите“
Dik 300x250 mk

Харизматичната оскаровка Хелен Мирен се придружи на актерската екипа на претстојниот филм на „Ди-си комикс“, каде ќе ја глуми злобната Хеспера, ќерка на Атлас, според официјалниот опис на филмот.

Како што пренесува The Wrap, малку се знае за Хеспера во универзумот на „Ди-си комикс“, но Атлас е име на неколку ликови инспирирани од Титанот на страрогрчката митологија.

Филмот е продолжение на „Шазам!“ од 2019 година – акција, адаптација на стрип – и ќе ја проследи приказната за тинејџерот Били Бетсон, кој откако ќе го изговори магичниот збор Shazam го погодува  жива молња на боговите и тој се трансформира во возрасен суперхерој, Шазам.

Заедно со Хелен, Ашер Ејнџел ќе се врати како момчето Били, додека Захари Леви повторно ќе го игра титуларниот суперхерој.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Хороскопски знаци кои не знаат што е одмор

Студија покажува како кучињата можат да влијаат врз здравјето на жените

Зошто нашите зглобови болат кога се менува времето? Што вели науката?