Утрински Весник
Свет

Европска агенција за лекови: Вакцините што ги примаме се безбедни и ефикасни

Европска агенција за лекови: Вакцините што ги примаме се безбедни и ефикасни

Извршната директорка на Европската агенција за лекови (ЕМА), Емер Кук, денеска им рече на граѓаните на ЕУ дека вакцините одобрени од ЕМА се безбедни, ефикасни и со најдобар квалитет.

Таа го повтори заклучокот дека нема посебен ризик со употребата на вакцината на „Астразенека“, но исто така и дека дефинитивно не може да се исклучи врската помеѓу вакцината и ретките случаи на згрутчување на крвта.

„За време на истрагата, забележавме ретки, но сериозни нарушувања во формирањето на згрутчување на крвта, од кои некои имаа фатален исход. Затоа, ние продолжуваме со истрагата и не сме во состојба дефинитивно да ја отфрлиме врската помеѓу вакцината и овие случаи “, вели Кук.

Емер Кук достави извештај до Европскиот парламент во кој нагласува дека ЕМА досега препорачала четири вакцини против Ковид-19, а се разгледуваат уште три вакцини.

„Зелено светло за употреба во ЕУ добија вакцините на компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“, „Модерна“, „Астразенека“ и „Џонсон и Џонсон“, а вакцините на „Новавакс“, „Кјурвак“ и „спутник В“ се проценуваат.

Таа наведува дека последната вакцина одобрена од ЕМА е вакцината Јансен од компаниjaта „Џонсон и Џонсон“.

„Вакцината ‘јансен’ од компанијата ‘Џонсон и Џонсон’ покажа ефикасност од 67 проценти во намалувањето на симптоматските случаи на ковид-19. Тоа е првата вакцина одобрена во ЕУ што се прима во една доза, а првите испораки во ЕУ се очекуваат на крајот на април“, нагласи Кук.

ЕМА, покрај вакцините, во моментов спроведува процена на терапиите базирани на антитела, што, според Емер Кук, е ветувачки третман против инфекција со Ковид-19.

Извршната директорка на ЕМА заклучува дека вакцините се начин за контрола на пандемијата, како што покажаа последните информации од Израел и Велика Британија, каде што бројот на инфекции се намалува како резултат на големиот процент на вакцинирано население.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година

Израелската армија објави дека цел на напад бил јужен Либан

Ужас во Австралија: Воспитувач силувал 60 девојчиња, бакнувал и бебиња – Осуден е на доживотен затвор