Утрински Весник
Македонија

Кочанец фатен со лажен ПЦР-тест на аеродром, казнет со 2.000 евра

Ниту еден патник од авионот за Финска го нема во базата на позитивни случаи на ковид-19

Кочанец се обидел да излезе од државава преку скопскиот аеродром со лажен ПЦР-тест. Обвинителството побара казна од 2.000 евра.

Според информациите од скопското обвинителство, 46-годишниот жител на Кочани сторил кривично дело фалсификување исправа.

„На 14 март, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, обвинетиот се обидел да излезе од државава употребувајќи лажна потврда за негативен ПЦР-тест на коронавирус. Иако не се тестирал и знаел дека не поседува сертификат од наведената лабораторија, тој лажната исправа ја употребил како вистинска“, се наведува во соопштението.

Јавен обвинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје за обвинетиот да изрече парична казна од 100 дневни глоби при што висината на една дневна глоба да бие определена на 20 евра во денарска противвредност.​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

СДСМ: Суспендирани визи од САД – периметарот на Мицкоски ја доведе Македонија во ранг со Сомалија

Доставена петиција „Безбеден град“ да казнува и за фрлање отпушоци

Фирма нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки, Царинa поднесе кривична пријавa