Утрински Весник
Свет

Швајцарија ја одобри вакцината на „Џонсон и Џонсон“

Швајцарија ја одобри вакцината на „Џонсон и Џонсон“

Швајцарската агенција за лекови „Свисмедик“ ја одобри вакцината против Ковид-19 на американската компанија „Џонсон и Џонсон“, изјави денеска портпаролот на агенцијата, така што оваа вакцина сега е достапна покрај „Фајзер-Бионтек“ и „Модерна“.

Швајцарија досега не ја нарачуваше вакцината за еднократна употреба „Џонсон и Џонсон“, која претходно беше одобрена од САД, Канада и Европската Унија, објави „Ројтерс“.

Во глобалното истражување на компанијата „Џонсон и Џонсон“ на 44.000 лица, утврдено е дека вакцината е ефикасна кај 66 проценти од случаите со умерена до тешка форма на Ковид-19 четири недели по вакцинацијата.

Таа е стопроцентно ефикасна во спречување на хоспитализација и смрт како резултат на вирусот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Волстрит журнал: Канада сака да стане придружна членка на Европската Унија

Трамп: Зеленски предизвикува недостиг на дизел, тоа мора да престане

Зеленски: Русија лансираше 2.100 дронови за една недела