Утрински Весник
Македонија

Досега самопопишани 130.009 лица во дијаспората

Досега самопопишани 130.009 лица во дијаспората

Во последното деноноќие, заклучно со 23 март во 8 часот, вкупната бројка на самопопишани изнесува 130.009.

Од Државниот завод за статистика велат дека интересот на нашите државјани во странство за искористување на можноста да ги дадат своите податоци во процесот на попишување на дијаспората секојдневно расте.

„Оваа активност има извонредно значење и за Република Северна Македонија и за целата дијаспора – после многу години и секакви шпекулации со бројките на иселени државјани, конечно да имаме јасна слика каде се и колку се нашите иселеници за да може да се креираат и насочат соодветни политики за нивна поддршка и овозможување на услуги кои им се потребни од својата татковина“, се наведува во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче објави Записник од седница на Владата за Алта банка: Барам оставка од Кочовска, истрага од ОЈО и за Мицкоски и вклучување на Европското обвинителство

Гостиварец измамил сопственик на фирма за 110.000 денари

Жерновски: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел