Утрински Весник
Свет

Меркел ги поддржа заканите за забрана за извоз на вакцини на „Астра зенека“

Меркел ги поддржа заканите за забрана за извоз на вакцини на „Астра зенека“

Германската канцеларка, Ангела Меркел, ја поддржува претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во заканата дека ќе го блокира извозот на вакцините на „Астра зенека“ произведени во ЕУ.

„Имаме проблем со ‘Астра зенека’. Ја поддржувам претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лејен“, истакна Меркел.

Европските официјални лица се бесни што „Астра зенека“ не успеа да ги достави договорените количини на вакцина против Ковид-19.

Во предупредувањето до британско-шведскиот фармацевтски гигант минатата сабота, фон дер Лајан рече: „Пораката до ‘Астра зенека’ е прво да го исполни својот договор со Европа пред да започне да доставува до други земји“.

Фон дер Лајен нагласи дека „Астра зенека“ доставила само 30 проценти од 90 милиони дози вакцини што ги ветила за првиот квартал од годинава.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Орбан: За мир во Украина потребна е средба меѓу Путин и Трамп

Амнести Интернешнл: Израелскиот предлог за „хуманитарен град“ е намера за воени злосторства

Нојман: Употребата на дронови во војната во Украина „не е пример“ за воздушните способности на НАТО