Утрински Весник
Свет

Шкотската Влада објави предлог-закон за втор референдум за независност

Шкотската Влада објави предлог-закон за втор референдум за независност

Владата на Шкотска објави предлог-закон за одржување на втор референдум за независност, што би се одржал по завршувањето на пандемијата.

Шкотската национална партија соопшти дека ќе се обиде да го изгласа законот, доколку изборите во мај внесат доволно пратеници во Парламентот кои ја поддржуваат независноста.

Предложениот закон го вклучува истото прашање како и на референдумот во 2014 година: „Дали Шкотска треба да биде независна држава?“ Може да се одговори со „Да“ и „Не“. За датумот на вториот референдум ќе одлучуваат европратениците.

Шкотланѓаните ја отфрлија независноста на референдумот во 2014 година, но Брегзит и активностите на британската Влада во борбата против коронавирусот ја зголемија поддршката за отцепување.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Голем шумски пожар во Андалузија уништи над 3.600 хектари, во гаснењето вклучена и војската

Визни забрани и безбедносни инциденти фрлија сенка врз Светското првенство 2026: ФИФА под критики поради молкот

Иран ги нападна Јордан, Кувајт и Бахреин