Утрински Весник
Македонија

Вархеји: ЕУ прави напори за обезбедување дополнителни вакцини за Западен Балкан вон Ковакс механизмот

Вархеји: Мора да му помогнеме на Западен Балкан и во вториот бран на пандемијата

На иницијатива на комесарот за проширување и соседска политика на Европската комисија, Оливер Вархеји, попладнево заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров учествуваше на координативната видео средба заедно со колегите од регионот.

На состанокот беа разменети информации во контекст на напорите на Европската комисија за обезбедување на вакцини за земјите од Западен Балкан.

„Се работи за дополнителни дози вон ковакс механизмот за кои Европската Унија ќе обезбеди финансиски средства преку ИПА фондовите“, соопшти Секретаријатот за европски прашања

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

21-годишник паднал од отворен прозорец на „Aуди“, тешко е повреден

Полициска акција: Пет килограми марихуана кај татко и син, амфетамин, ЛСД и стотици таблети во подрум

Западнонилската треска се шири во Македонија – Осум случаи, сите заболени развиле тешка форма