Утрински Весник
Спорт

И најцврстите имаат емоции – Златан заплака по прашањето за синот

И најцврстите имаат емоции – Златан заплака по прашањето за синот

Ветеранот на Милан, Златан Ибрахимовиќ вели дека му ветил на шведскиот селектор Јане Андерсон дека ќе биде „одлучувачки“ за репрезентацијата и додава дека тоа ќе мора да го докаже на теренот, а прес-конференцијата ја заврши речиси во солзи, кога беше запрашан што мислат неговите синови за враќањето во шведската репрезентација.

39-годишниот Златан се враќа во репрезентацијата овој месец иако претходно имаше несогласувања со Андерсон и вети дека е подготвен да страда за националниот тим.

„Се сретнавме сами, и зборувавме за сите работи. Тоа беше позитивен состанок и на крајот избравме што е најдобро за Шведска. Двајцата знаеме што е најдобро за националниот тим, и тука сум не бидејќи се викам Златан Ибрахимовиќ туку бидејќи заслужувам да бидам тука. Тоа што сум го направил во минатото не е важно, туку тоа што ќе го направам. Ако ме прашате, јас сум најдобриот на светот, но тоа не помага. Сакам да го дадам искуството и му ветив на селекторот дека ќе бидам одлучувачки. Треба да го покажам тоа на теренот“, вели Ибрахимовиќ.

Тогаш дојде и најчудниот и најемотивниот момент на прес-конференцијата, прашањето за неговиот син Винсент, кој остана со мајка му во Шведска додека Ибрахимовиќ е во Милано.

„Беше тешко кога го оставив. Плачеше, не сакаше пак да заминам. Но, сега сме океј. Можам да поминам време со него поради репрезентацијата“, изјави Ибрахимовиќ.

> И најцврстите имаат емоции – Златан заплака по прашањето за синот <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо