Утрински Весник
Спорт

ММА: Најбрзиот нокаут во историјата на РИЗИН е брутален!

ММА: Најбрзиот нокаут во историјата на РИЗИН е брутален!

Сумо борачот Цујоши Сударио покажа неверојатна бруталност и малку милост за својот веќе победен противник, откако на РИЗИН ФФ 27 во неделата го нокаутираше Казуши Мијамото за само шест рунди, и продолжи да го удира додека овој беше на подот.

Контроверзите во Нагоја почнаа по нокаутот, кога по нокаутот 23-годишниот Сударио продолжи да го удира противникот, а реагираа и од аголот на Мијамото по што почна мешаница, а реагираше и тренерот на Сударио, поранешниот ММА фајтер Енсон Инуе.

Сепак, во јапонски стил, Инуе објасни дека откако се смирила ситуацијата, тој лично отишол да се извини на тимот на Мијамото, кој го прифатил извинувањето.

> ММА: Најбрзиот нокаут во историјата на РИЗИН е брутален! <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ѓоковиќ казнет поради недолично однесување

Ѓоковиќ повторно покажа шампионски карактер, во полуфинале го чека Синер

Роналдо го одигра последниот натпревар на Светско првенство