Утрински Весник
Свет

Бугарија протера двајца руски дипломати

Бугарија протера двајца руски дипломати

Министерството за надворешни работи на Бугарија прогласи двајца вработени во Руската амбасада во Софија за „персона нон грата“ .

„Денеска беше поканет советник во Министерството за надворешни работи на Бугарија и му беше врачена белешка за протерување на двајца претставници на амбасадата“, известуваат бугарските служби.

Бугарското обвинителство на 19 март објави дека е приведена група на лица осомничени за шпионажа во корист на Русија.

Тие како што пишуват медиумите во соседството, тврдеа дека меѓу уапсените има воен персонал, како и претставници на Министерството за одбрана, воени разузнавачки служби.

Бугарската страна објави дека е уапсена и сопругата на наводниот организатор на групата, која имала бугарско и руско државјанство и која, наводно, „уживала во довербата на руските дипломати“, пишуваат бугарските медиуми.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нова безбедносна тревога на аеродромот во Прага: Девет авиони проверувани по закани со бомби

Трамп по дебаклот: Немате поим колку се наместени нашите избори

Тешка автобуска несреќа во Франција