Утрински Весник
Свет

Предраг Кон: Oд 2,2 милиони дадени вакцини во Србија немаме ниеден случај на анафилактичен шок

Предраг Кон: Oд 2,2 милиони дадени вакцини во Србија немаме ниеден случај на анафилактичен шок
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Епидемиологот и член на српскиот владин кризен штаб, д-р Предраг Кон, изјави денес дека од околу 2.200.000 вакцини против коронавирус, досега во Србија не е забележан ниеден случај на анафилактичен шок.

Тој рече дека во текот на вакцинацијата досега, во Србија се регистрирани околу 600 несакани реакции на вакцината.

Тој додаде дека ставовите на оние кои се противат на вакцинацијата во моментов се без поддршка затоа што имунизацијата се одвива на доброволна основа.

„Суштината е дека постои страв од самата вакцина, што е целосно неосновано“, рече Кон, пренесува Прва телевизија.

Тој исто така изјави дека со вакцинацијата се добива посилен имунитет отколку по прележувањето на болеста.

„Маските се носат сè додека циркулира вирусот, дури потоа се симнуваат“, рече Кон.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Мадуро и неговата сопруга патуваат за Њујорк

Рубио: Мадуро не е претседател на Венецуела, неговиот режим не е легитимен

Кој ќе владее во Венецуела по падот на Мадуро