Утрински Весник
Магазин

Бред Пит разочаран од наводите на Анџелина Џоли за семејно насилство

Бред Пит разочаран од наводите на Анџелина Џоли за семејно насилство

Бред Пит многу се разочарал откако  во јавност се појави документ кој сугерира дека Анџелина Џоли во судската битка за старателството над нивните деца е подготвена да обезбеди доказ за домашно злоставување.

Медиумите коментираат дека наводната расправија помеѓу синот Медокс (19) и Бред (57) во 2016 година е последната сламка за Џоли (45), која поднела документи во кои наведува дека и таа и нејзините деца се подготвени да понудат сведоштво во прилог на наводите, според документи до кои дојде „Бласт“.

Судските документи кои протекоа во јавност укажуваат на тоа дека Џоли е спремна да презентира и доказ во прилог за наводното насилно однесување на Пит во текот на нивниот брак.

„Сега Бред е со скршено срце бидејќи Анџелина тргна по тој пат. Многу емоции останаа по нивниот брак “, извор близок до актерот изјави за „Пејџ сикс“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста