Утрински Весник
Свет

Нуклеарниот куфер е покрај Путин дури и кога тој се одмора во тајгата

Нуклеарниот куфер е покрај Путин дури и кога тој се одмора во тајгата

Рускиот претседател секогаш ги има крај себе неопходните средства за комуникација, вклучително и стратешките, каде и да се наоѓа, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој пред новинарите одговори на прашањето дали Путин го носел со себе т.н. нуклеарен куфер за време на неговиот престој во руската тајга, каде што изминатиот викенд престојуваше со министерот за одбрана, Сергеј Шојгу.

„Па како поинаку? Секако дека тоа го понел со себе“, рече Песков.

Нуклеарен куфер е уред кој го поседуваат врховните команданти на светските сили, а кој служи за итна активација на нуклеарното оружје, односно за дозвола за лансирање на ракетите.

Путин викендот го мина во Сибир, а фотографиите и снимките од неговата посета покажуваат дека тој возел теренско возило низ густата шума. Исто така со министерот Шојгу имале и заеднички прошетки низ длабокиот снег.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

УНИЦЕФ: Повеќе од 417 милиони деца живеат во сиромаштија, лишени од основните потреби

Во железничка несреќа во Чешка повредени 57 луѓе

Снегот ги изненади Белгијците: Снежните врнежи предизвикаа застој во сообраќајот низ белгиските патишта