Утрински Весник
Македонија

Груби во Тирана се сретна со претседателката на СДИ, Моника Криемади

Груби во Тирана се сретна со претседателката на СДИ, Моника Криемади

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска во Тирана се сретна со претседателката на Социјалистичкото Движење за Интеграција (СДИ), Моника Криемади.

Тема на разговор беше соработката помеѓу двете земји и пописот на населението во Македонија. Груби побара од Криемади преку структурите на нејзината партија да ја покани дијаспората на Република Северна Македонија што живее надвор од државата да се регистрира во пописот кој веќе е почнат од 1 март.

Криемади рече дека граѓаните на Северна Македонија што живеат и работат во дијаспора треба максимално да ја искористат оваа можност, бидејќи од овој процес зависат многу работи на дејствување во РСМ.

Двајцата се согласија дека сега е време целата дијаспора од Северна Македонија да ја исполни својата должност и обврска и достоинствено да придонесе за доброто на сите граѓани, не само во Северна Македонија, туку и во целиот регион.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Брутално претепана девојче во Штип, обвинителката тврди дека нема докази – таткото бара правда!

Силен ветер урна дрво на Кеј Македонија во Охрид

Лажен сертификат ја „симна“ кандидатката од трката за директор