Два тајвански борбени авиони се урнаа покрај брегот на таа држава. Ова е трет ваков инцидент во последните шест месеци, во време кога островската држава е под зголемен притисок од секојдневното спречување на кинеските авиони.
Националната команда за спасување на Тајван соопшти дека два авиони Ф-5Е со пилоти се урнале во морето крај североисточниот брег на островот откако наводно се судриле за време на тренинг лет.
Хеликоптери, крајбрежната стража и други бродови се вклучени во потрагата по пилотите.
Официјалната тајванска новинска агенција објави дека воздухопловните сили ги запреле сите летови на ескадрилата на авиони Ф-5 од базата Чиханг од каде полетале двата авиона.
Островската држава започна да го користи американскиот Ф-5 кон крајот на 1970-тите, а денес тие се главно пензионирани од активностите на фронтот, иако некои сè уште се користат за обука и поддршка на главната ескадрила, пишува „Ројтерс“.
Во октомври минатата година се урна авион Ф-5, при што загина пилотот, а еден месец подоцна се урна и посовремен Ф-16, кога повторно загина пилотот.