Утрински Весник
Свет

Најнов вид на коронавирус откриен во Белгија

Најнов вид на коронавирус откриен во Белгија

Белгиските научници изолирале мутација на вирусот „Ковид-19“, која никогаш порано не била забележана, а во моментот учествува со околу 4% од новозаразените во земјата.

Видот Б.1.214 за прв пат беше откриен во јануари годинава.

Тој во моментов не е класифициран како „ варијанта која треба да загрижува“, а истражувачите се скоро сигурни дека не станува збор за „белгиски вид“, туку сметаат дека потекнува од субсахарска Африка.

Бројот на лица заразени со Ковид-19 во Белгија постојано се зголемува, така што просечниот број на дневни инфекции оваа недела се зголемил за повеќе од 40 проценти во споредба со претходната недела.

„Зголемувањето на стапката на новоинфицирани и хоспитализирани во Белгија сè уште е крајно загрижувачко“, рече белгискиот министер за здравство Франк Вандербрук.

Поради зголемувањето на бројот на заразени лица во Белгија, откажан е и Самитот на лидерите на ЕУ , кој ќе се одржи преку видео конференција.

Во Белгија од октомври е на сила полициски час, баровите и рестораните се затворени скоро од почетокот на пандемијата, а забрането е секое несуштинско патување во земјата и странство.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија тврди дека нејзините сили зазеле уште едно село во источна Украина

 „Брисел ја уништува демократијата во Европа“ – Маск со повик земјите членки да ја напуштат ЕУ

Суд во Флорида ѝ наложи на Тесла да плати 243 милиони долари отштета за фаталната несреќа со автопилот