Утрински Весник
Македонија

Груби денес и утре во Тирана

Груби денес и утре во Тирана

Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, по посетата во Приштина, Косово, денес и утре ќе престојува во Тирана, Албанија, каде што ќе се сретне со државниот врв и лидерите на албанските политички парти, но и општествени дејци.

„Тема на разговор на состаноците ќе биде билатералната соработка, европската интеграција, пандемијата и процесот на попис во Република Северна Македонија“, соопштија од Кабинетот на Груби.

Од таму најавија дека Груби исто така ќе одржи посебни средби со претставниците на сите заедници во нашата земја во текот на неделата во врска со пописот на населението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Јаневска за манипулациите со оценки на УГД: Секогаш ќе има поединци што го злоупотребуваат системот, важно е дека се откриени

Девојката веќе еднаш се спасила бегајќи преку прозорец – момчето и се заканувало со смрт, а минувачи повикале полиција

Над 20.000 евра „заработиле“ две лица кои менувале оценки на УГД Штип, ОЈО бара притвор