Утрински Весник
Свет

Бајден: Повлекувањето на Турција од Истанбулската конвенција е длабоко разочарувачки потег

Бајден: Повлекувањето на Турција од Истанбулската конвенција е длабоко разочарувачки потег

Повлекувањето на Турција од меѓународниот договор за заштита на жените од насилство, американскиот претседател, Џо Бајден го опиша како „длабоко разочарувачки“ потег, велејќи дека тоа е чекор назад во борбата против насилството врз жените.

„Државите треба да работат на зајакнување и обновување на нивните улоги во запирање на насилството врз жените без да ги отфрлаат меѓународните договори кои повикуваат на заштита на жените и одговорност на сторителите“, рече Бајден.

Турција во саботата ја објави одлуката за повлекување од Истанбулската конвенција, повелба донесена од Советот на Европа во 2011 година во обид да се создаде правна рамка за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја потпиша конвенцијата уште додека беше премиер, а подоцна беше ратификувана во Турција.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп стигна во Британија, а лабораторијата GSK веднаш објави инвестиции од 30 милијарди долари во САД

Катар: Нетанјаху нема да остане неказнет

Орбан: Шведска се одјави од цивилизацијата, мафијата искористила 284 малолетнички за да извршат убиство