Утрински Весник
Македонија

Продолжува снежното и студено време, најмногу снег во Маврово и Ѓуриште

Продолжува снежното и студено време, најмногу снег во Маврово и Ѓуриште

До 16 часот најмногу снег наврнал во Маврово и во Ѓуриште – 27 и 24 сантиметри, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Снежна покривка има и во Лазарополе,  Попова, Шапка, Тополчани, Пожаране, Претор, Битола,  Берово,  Тетово, Прилеп и Скопје.

Највисока температура е измерена во Гевгелија (5 степени), а најниска во Маврово (-3 степени).

Времето до крајот на денот ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд на југоистокот, а во останатите делови претежно од снег. На планините и на повисоките места врнежи ќе бидат од снег.

Времето утре ќе биде облачно со врнежи од снег на планините и на повисоките места. На југоистокот врнежите ќе бидат од дожд, а на пониските места во останатите делови од земјата тие повремено ќе преминуваат од дожд во снег особено во ноќните и утринските часови. Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови и ќе дува умерен до краткотрајно засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.

Во Скопје облачно и студено со повремен дожд, кои кон крајот на денот и во текот на ноќта во делови од котлината ќе преминува во снег. Минималната температура ќе биде околу 0, а максималната ќе достигне само до 4 степени.

Во вторник и среда ќе дува умерен до силен северен ветер најизразен долж Повардарието и ќе има услови за повремен снег на планините и повисоките места. На пониските места ќе има повремен дожд кој ќе преминува во снег. Во деновите од работната недела ќе се задржи студено, а утринските температури ќе се најниски во среда и четврток.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Штерјова: ОЈО да отвори истрага, има ли одлука на Собранието на Лотарија за лотото на Мицкоски од 5,5 милиони евра 

Стружанец починал по пад во ископ за бунар

Расчистена серија тешки кражби во пет градови, уапсени две лица