Челси, „машината“ на Томас Тухел не покажа многу во дуелот со аутсајдерот Шефилд јунајтед, но успеа да стигне до 2:0 победа и пласман во полуфиналето на ФА купот, во обид да ја донесе титулата на „Стемфорд бриџ“.
„Сините“ водеа од 24. минута од мечот со автоголот на Оливер Норвуд, меѓутоа невообичаено ја предадоа играта на Шефилд јунајтед, последнопласираниот клуб во Премиер лигата, кој имаше неколку шанси, посебно во второто полувреме да направи изненадување. На крајот на мечот, кога Брустер пропушти стоотстотна шанса пред голот на Челси, Хаким Зијеш постигна прекрасен гол во 92. минута за потврда на триумфот.
Челси се приклучува на Манчестер сити и на Саутемптон во полуфиналето, а четвртиот учесник ќе биде познат по денешниот меч меѓу Лестер и Манчестер јунајтед.
> Челси се намачи со Шефилд јунајтед, но влезе во полуфиналето на ФА купот <