Утрински Весник
Свет

Франција: Вакцината на „Астра зенека“ да се дава на лица постари од 55 години

Франција: Вакцината на „Астра зенека“ да се дава на лица постари од 55 години
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Францускиот медицински регулатор денес одобри да се продолжи со употребата на вакцината против ковид-19 на „Астра зенека“, но укажа дека вакцината треба да се дава само на лица постари од 55 години.

Франција беше меѓу десетина земји кои престанаа да ја користат вакцината на „Астра зенека“ на почетокот на оваа недела, по извештаите за згрутчување на крвта кај неколку луѓе кои неодамна биле вакцинирани со неа.

Сепак, Европската агенција за лекови (ЕМА) вчера објави дека вакцината е безбедна и дека придобивките од вакцината ги надминуваат ризиците, потсетува „Ројтерс“.

ЕМА исто така ја идентификуваше можноста за зголемен ризик од тромбоза кај лица помлади од 55 години, објави Француската национална здравствена агенција (ХАС).

„ХАС препорачува употреба на вакцината на ‘Астра зенека’ во оваа фаза само кај лица постари од 55 години, кои го претставуваат мнозинството приоритетни луѓе, според ХАС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ФБИ спречило потенцијален потенцијален терористички напад во Северна Каролина

Чешкиот премиер Бабиш повикува на мир и ги критикува алармистите за војна

Апсења за корупција по пожарот во Хонг Конг