Утрински Весник
Свет

Во Хрватска пет пријавени случаи на тромбоемболија по вакцинација, двајца починале

Во Хрватска пет пријавени случаи на тромбоемболија по вакцинација, двајца починале

Хрватската агенција за лекови и медицински помагала (ХАЛМЕД) досега истражувала или веќе испитала пет пријави за сомневање на несакани ефекти на тромбоемболија по вакцинирање.

Во два случаи лицето починало, станува збор за 33-годишна жена и 91-годишник кои ја примиле вакцината на „Астра зенека“. Помладата личност починала 12 дена по вакцинирањето, а случајот сè уште се испитува бидејќи добиле недоволна документација. Што се однесува до 91-годишното лице, било заклучено дека врската помеѓу вакцинацијата и смртта е малку веројатна.

Постојат уште три пријави за појава на тромб, во кои немало фатален исход – во два случаи лицето примило вакцина на „Астра зенека“, а во еден случај и на „Фајзер“.

Досега се пријавени вкупно 1.818 сомнителни несакани ефекти: 1.044 на вакцината „комирнати“ (Фајзер), 104 на вакцината на „Модерна“, 668 на „Астра зенека“ и две пријави за вакцина против Ковид-19 за кои не се добиени информации од производителот, вели ХАЛМЕД.

До 11 март, во Хрватска се потрошени вкупно 290 илјади дози вакцина. Несаканиот ефект е пријавен за околу 0,6 проценти од сите примени дози.

Секоја година, венската тромбоемболија погодува околу 3,7 милиони луѓе. Во Хрватска, околу 6.500 луѓе заболуваат од венска тромбоза секоја година, што значи околу 135 секоја недела.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп објави трговски договор со Јапонија, вклучувајќи царини од 15 проценти

Трета рунда разговори Русија – Украина

Руските сили го нападнаа Криви Рих, погодени неколку места, избувнаа пожари