Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

По една година затвор за тројцата обвинети поради насилниот протест за „Монструм“

По една година затвор за тројцата обвинети поради насилниот протест за „Монструм“
Img 7972

Затворска казна од по една година добија Шабан Весели, Бехар Далити и Бесар Калиси – обвинети за насилството што се случи на протестот за пресудите на „Монструм“.

Тие на денешното прво рочиште за случајот, го признаа делото.

За двајцата обвинети, Артон Садики и Фабио Идризи, кои се изјаснија дека не се чуствуваат виновни, судењето ќе продолжи на 31 март.

Постапката ќе биде издвоена за обвинетиот Бесим Касами, поради неговата влошена здравствена состојба, како и за Суља Башким, кој не е достапен за органите за прогон.

Обвинетите се товарат дека на 26 февруари, заедно со други лица започнале заеднички да дејствуваат кон полициските службеници, фрлајќи со камења, бекатон плочки, метални шипки и други предмети, во обид да го пробијат полицискиот кордон. Како резултат на ова, со тешки телесни повреди се здобил новинар присутен на местото на настанот, а повредени биле и 11 полициски службеници.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Скопјанец претепан од контролор на ЈСП

Димитријевиќ: 21 век е, а луѓето во Перо Чичо се уште газат кал и немаат вода – тоа мора да се смени

Приведен скопјанец кој физички ја нападнал партнерката и го одзел нивното бебе