Утрински Весник
Македонија

(Видео) Мисајловски: Нема вакцини, а власта турка попис

(Видео) Мисајловски: Нема вакцини, а власта турка попис
Dik 300x250 mk

Нема вакцини, граѓаните се премногу загрижени поради секојдневните бројки, а власта почнува да спроведува попис, изјави од Чаир потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Во скопската општина тој се сретна со граѓани на отворено, пришто изјави дека иако масовните собири се спречени, ВМРО-ДПМНЕ е народна партија и мора да го слушне тоа што го говорат граѓаните.

„Важно е да разговараме за здравството, важно е да разговараме за оние проекти кои се ветени, а ги нема. Доаѓаат локални избори, а Чаир е често заборавено место во Скопје и многу малку се работи и гради. Затоа да ги слушнеме сите проблеми, знаме дека и пензиите се најавуваше дека ќе бидат зголемени, но тоа не се случи, капитални проекти се зборува дека постојано ќе се гради нешто, но ништо не се случува, Клинички центар се најавува 4 години, ни тоа нема, реформи се најавуваат во правосудството, но ги нема, вакцини нема, здравството е во колапс. Нема сфера каде оваа власт не потклекна на сите очекувања дека ќе блескаат и ќе има реформи“, изјави Мисајловски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Прегазен пешак пред мостот Гоце Делчев

ДКСК со повеќе изборни пријави – дел проследени до ЈО, дел затворени без прекршувања

МВР приведе лажен поп – мамел луѓе во тага на гробиштата во Ѓорче Петров и Волково