Утрински Весник
Свет

Европските држави продолжуваат со употребата на вакцините на „Астра зенека“

Европските држави продолжуваат со употребата на вакцините на „Астра зенека“

Голем број европски земји објавија дека повторно ќе продолжат со употреба на вакцината на „Астра зенека“ откако европското регулаторно тело за лекови објави дека таа е безбедна и ефикасна.

Бугарија, Португалија, Холандија, Летонија, Литванија, Кипар, Германија, Франција, Италија и Шпанија веќе најавија дека ќе продолжат со имунизирање со вакцината на „Астра зенека“.

Шведска соопшти дека следната недела ќе донесе одлука за привремениот прекин, а Ирска денеска ќе информира што ќе прави понатаму.

Европските земји ја прекинаа употребата на вакцината на „Астра зенека“ на почетокот на оваа недела по извештаите за згрутчувања во крвта кај неколкумина што ја примиле вакцината.

Европската агенција за лекови (ЕМА) вчера соопшти дека вакцината не е поврзана со целокупниот ризик од згрутчување на крвта.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија ја нападна Украина со над 150 дронови

Русија употреби нов дрон Geran-5 во Украина

Над 500 убиени и над 10.000 уапсени во Иран, режимот организира контра-протести