Утрински Весник
Свет

Орбан: Уште еден милион вакцинирани и ги олеснуваме мерките

Потпретседателката на ЕК му одговори на Орбан

Премиерот Виктор Орбан денес објави дека Унгарија може да ја започне првата фаза на олеснување на ограничувањата против Ковид-19 откако ќе се вакцинираат уште еден милион граѓани, пренесува „Ројтерс“.

„Постојат добри шанси да нема епидемиолошки ограничувања ова лето“, рече унгарскиот премиер за државното радио, наведува агенцијата.

Орбан рече дека целта е што повеќе имунизирани лица да ја започнат економијата на земјата што е можно поскоро, која лани падна за 5,1 процент и дека досега се вакцинирани околу 1,5 милион Унгарци, и дека можат да започнат со мерките за олеснување кога тој број ќе се зголеми на 2,5 милиони, што е четвртина од вкупното население.

Орбан исто така повтори дека ја поддржува употребата на кинески и руски вакцини против Ковид-19, што неговата земја прва го стори во Европската Унија.

Во Унгарија, во изминатите 24 часа е регистриран рекорден број на нови случаи на коронавирус – 10.759, а регистрирани се 213 смртни случаи од Ковид-19, што е најголем број за еден ден, според агенцијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години