Интер влегоа во лута расправија со градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, кој денеска изјави дека го стопира проектот за новиот „Сан Сиро“ додека „нераѕурите“ не ја решат својата иднина.
Интер и Милан имаат заеднички план за нов стадион, план со кој ќе се преуреди и сегашниот „Естадио Џузепе Меаца“ без рушење, но Сала смета дека нема поента да се оди понатаму додека не се реши кризата во Интер.
„Мислам дека додека Интер не ја реши својата судбина, работите мора да ги водиме со цврста рака. Не зборуваме само за стадионот, туку за проект во кој половина е инвестицијата на стадионот, а половина во другите објекти во областа Сан Сиро. Тоа е работа од пет-шест години и не можам да дозволам дел од градот на компанија чија сопственост не е сигурна. Со цела почит кон Жанг, но прво нека ги разјаснат работите“, изјави Сала за „Ла република“.
Интер на ова реагираа со официјално соопштение со остар напад кон Сала.
„Интернационале Милано има славна историја од над 100 години. Постоеше пред градоначалникот Сала и ќе продолжи да постои кога неговиот мандат ќе заврши. Коментарите на градоначалникот кон сопствениците се навредливи, а кон историјата на клубот покажуваат млногу малку почит. Ако се потврди дека Интер и сопствениците не се ценети од сегашната администрација ќе знаеме какви ќе бидат следните чекори“, велат од Интер.
> Интер во „војна“ со градоначалникот на Милано <