Утрински Весник
Магазин

Запознајте ја „црната вдовица“ која ја глуми Лејди Гага во „Куќата Гучи“

Запознајте ја „црната вдовица“ која ја глуми Лејди Гага во „Куќата Гучи“

Лејди Гага патува низ Италија како дел од екипата која снима филм за Патриција Реџани, попозната под прекарот „црната вдовица“, сопруга на убиениот наследник на модната династија „Гучи“.

Од Рим до Милано и Алпите, папараците го следат секој чекор на американската пејачка и актерка нагоре и надолу по италијанскиот полуостров.

Во филмот „Куќата Гучи“ во кој играат и Адам Драјвер, Ал Пачино, Џереми Ајронс, Адам Драјвер и Џеред Лето, Лејди Гага ја глуми Патриција Реџани, која беше обвинета и осудена за планирање на убиството на нејзиниот поранешен сопруг, наследникот на Гучи, Маурицио Гучи.

 

Тој беше убиен од платен убиец пред својата канцеларија во Милано во 1995. Патриција беше уапсена две години подоцна, за потоа да биде осудена на 29 години затвор. Патриција, која од медиумите доби прекар Црна Вдовица, беше ослободена во 2016 поради добро однесување.

 

Гага ќе се најде во главната улога, пренесувајќи ја приказната на жената која го нарачала убиството на својот поранешен сопруг.

Филмот во режија на Ридли Скот ќе се осврне на едно од најстрашните злосторства во Италија во високото друштво.

Приказната е базирана на книга на Сара Геј Форден од 2001 година, со наслов „Куќа на Гучи: Сензационална приказна за убиство, лудило, гламур и алчност“.

Странските медиуми коментираат дека животот на Патриција – гламурозниот брак со наследникот на Гучи и скандалозното обвинение – е приказна која заслужува филмско платно.

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ентони Хопкинс на 88 години објавува музички албум на кој работел 60 години

Грицки што не дебелеат и можете да ги јадете без вина

Седум интересни факти за сладоледот