Утрински Весник
Македонија

Во Скопје хоспитализирани 71 нов пациент со коронавирус за еден ден

Во Скопје хоспитализирани 71 нов пациент со коронавирус за еден ден

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализирани се 71 нов пациент поради компликации од коронавирусот, вкупно се лекуваат 514 пациенти, а голем дел од нив е на кислородна поддршка. Во болниците во другите градови се лекуваат 679 пациенти, со што вкупниот број пациенти со коронавирус во земјата е 1.193.

Од Министерството за здравство соопштија дека поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, во Скопје е отворен и ковид-центарот на Клиниката за трауматологија.

Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ вчера се примени 26 нови пациенти, 15 пациенти биле примени на Инфективната клиника, а во Козле биле примени шест нови пациенти.

Во изминатите 24 часа од ковид-центрите во Скопје дома се пуштени 29 оздравени пациенти.

Од Министерството за здравство велат дека бројот на приеми во изминатите денови во Скопје е зголемен и утрово, до 8 часот, имало 40 слободни места, а во ковид-центрите во другите градови има околу 290 празни болнички кревети.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Д-р Ѓорѓиевски: Да бидеме хумани и да го поддржиме органдонорството

Утре попладне нестабилно со пороен дожд

Влада: Отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за нашата европска ориентација