Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

„БТС“ собори уште еден Гинисов рекорд со мега-хитот „Динамит“

„БТС“ собори уште еден Гинисов рекорд со мега-хитот „Динамит“
300x250 opst2

Јужнокорејскиот бој-бенд официјално ја носи титулата за најмногу симултани прегледи на музички спот на Јутјуб-премиери за нивниот хит од 2020 година.

Насловот на твитот на Твитер-страницата на Гинисовите рекорди гласи: „Најлошо чувана тајна во историјата“.

„Сега е потврден рекордот на BTS за најголем број симултани гледачи на музичко видео на Јутјуб премиери со синглот Dynamite од 2020 година, со над три милиони гледачи во исто време.“

Химкејкерите веќе соборија неколку рекорди, вклучително и за најголем број гледачи на лајф-стрим концерт за Map of the Soul: 7 – виртуелниот настан The Journey и најпродаван албум за Map of the Soul: 7.

Јужнокорејската поп сензација неодамна се запиша во историјата како прва К-поп група номинирана за „Греми“, откако Dynamite на церемонијата минатиот викенд доби номинација за најдобра поп дуо/бенд изведба.

Нивната прва песна на англиски јазик, Dynamite, во Америка забележа приближно 34 милиони стриминзи и 300.000 продажби во првата недела, со што „БТС“ стана првиот јужнокорејски бенд што дебитира на првото место на листата на американски синглови „Билборд хот 100“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Се повеќе млади добиваат инфаркт – лекарите предупредуваат!

Истражување: Мажите се почувствителни на болка од жените

Загадениот воздух – нов „невидлив“ виновник за дебелината