Утрински Весник
Свет

Во Србија најмногу починати од почетокот на годината, речиси 5.500 новозаразени

Во Србија најмногу починати од почетокот на годината, речиси 5.500 новозаразени

Според последните податоци, во Србија починале 32 лица од последиците од Ковид-19. Од 18.288 тестирани, 5.446 лица биле позитивни на коронавирус.  На апарати за дишење се приклучени 209 пациенти.

Вкупно се вакцинирани 2.077.197, а 809.375 лица ја примиле втората доза.

Расте бројот на заболени и хоспитализирани во болниците низ Србија. Повеќето нови случаи се регистрирани во Белград, додека Ниш со денови е на самиот врв според бројот на заразени со коронавирусот.

Од денес до понеделник наутро на сила се заострени мерки на Владата на Србија против ширење на коронавирусот, исти како оние за претходниот викенд.

Имунологот Срѓа Јанковиќ, како гостин во Телевизија Прва, рече дека сега е најважно да се спроведат мерките, бидејќи ситуацијата е сериозна.

„Мерките се ограничени на пет дена за да можеме да ја следиме состојбата, ќе видиме во кој режим ќе продолжиме со мерките, се разбира, пет дена не се доволни“, рече Јанковиќ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд