Утрински Весник
Македонија

(Видео) Арсовски: Заев направил кривично дело јавувајќи им на партиски војници да пропуштаат луѓе на граница

(Видео) Арсовски: Заев направил кривично дело јавувајќи им на партиски војници да пропуштаат луѓе на граница

Пред само два дена кога излезе скандалот дека Заев лично ѕвонел да се пропуштат луѓе на граничниот премин Деве Баир, од Влада испратија соопштение дека се груби манипулации, додека пак вчера самиот Заев призна дека се јавил кај службеничка по име Виолета, посочи на денешната прес-конференција, Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Портпаролот на опозициската партија обвини дека под превезот дека бил загрижен за граѓаните што чекаат и сакал да им помогне, премиерот извршил злоупотреба на службената должност и извршил влијание врз службеничката, која ниту смее да прима наредби од него, ниту пак да постапува.

„Таа единствено смее да постапува согласно законските можности и одговорност која ја сноси на работното место, вклучително по наредба на нејзините претпоставени, а нејзин претпоставен не е Зоран Заев“, кажа Арсовски според кого скандалозно е што едно од возилата било странско возило од Косово, со косовски државјани, што, како што рече портпаролот, е спротивно на она што го говорела државата дека биле македонски државјани.

Воедно, претставникот на опозициската партија вели дека, според нивните информации, службеничката со која Заев зборувал и тврди дека не ја познавал, се вика Виолета Ангеловска, мајка на екс-советник од редовите на СДСМ, Дарко Ангеловски, кој е сега вработен од СДСМ во МВР како инспектор.

„И службеничката Виолета и нејзиниот син се партиски членови на СДСМ за кои Заев вели не ги познава, а им се јавил, односно и се јавил на службеничката. Повторно лаже“, заклучи Арсовски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ведро и студено, преку денот сончево

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето