Актерот Јафет Кото, кој се прослави во 70-тите години од минатиот век, борејќи се против Џејмс Бонд во Live and Let Die („Живеј и остави ги другите да умрат“) и како член на екипажот во Alien („Осмиот патник“), почина на 82-годишна возраст.
Веста за магазинот „Варајети“ја потврдиле агентот на актерот Рајан Голдар и неговата сопруга Теси Синахон. Причината за смртта на Кото сѐ уште е непозната.
Во објава на Фејсбук во понеделникот на Фејсбук, Теси го опиша својот покоен сопруг како легенда.
Во филмот за 007, Кото глумеше нарко крал кој практикува вуду магија.
Кото беше и член на екипажот во научно-фантастичниот филм „Осмиот патник“ од 1979 година. Беше и дел од тимот во американската ТВ-полициска драма „Оддел за убиства“.
Другите улоги на Кото беа во акционите филмови од 1980-тите The Running Man и Midnight Run.
Актерот беше номиниран за престижната награда „Еми“ за улогата на поранешниот претседател на Уганда, Идио Амин, која ја отелотвори во 1997 година во Operation Entebbe.