Утрински Весник
Свет

Холандски министер вратен од избирачко место поради истечена важност на пасошот

Холандски министер вратен од избирачко место поради истечена важност на пасошот

Холандскиот министер за здравство, Хуго де Јонге, бил вратен дома од избирачко место за да земе валиден пасош, бидејќи дошол со пасош со истечена важност.

Де Јонге, кој е на чело на холандскиот тим во борбата против коронавирусот, дошол со намера да гласа на избирачко место во Ротердам.

„Уште еден совет: донесете валиден документ за идентификација со вас“, напишал подоцна министерот на „Твитер“, во шеговит тон, пренесува „Ројтерс“.

Денеска е трет и последен ден од парламентарните избори во Холандија, кои се сметаат за референдум за доверба на конзервативната влада.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хорор во Италија: Татко двапати го избодел својот 12-годишен син во градите

Белгија: Неколку лица загинаа во судир меѓу училиштен автобус и воз

Иран ги предупреди САД за кршење на прекинот на огнот