Утрински Весник
Македонија

Разрешен директорот на болницата во Струга кој дома има гинеколошка ординација на диво

Разрешен директорот на болницата во Струга кој дома има гинеколошка ординација на диво

Министерот за здравство, Венко Филипче, денес ќе го разреши гинекологот Мухамед Асани од функцијата директор на Општата болница Струга кому Државниот санитарен и здравствен инспекторат дома му откри дива ординација, откако родилка од Дебар го обвини за лекарска грешка оти по породување со царски рез си замина без бубрег, јајчник и матка..

„Директорот ќе се разреши, а во текот на денов или утре ќе биде назначен нов директор“, рече министерот Филипче.

Тој извести дека за случајот на родилката од Дебар, на барање на семејството и на Хелсинчки комитет, формирал нова Комисија составена од директорите на Клиниките за гинекологија, урологија, КАРИЛ и директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Тие треба уште еднаш да го анализираат случајот и да донесат нов заклучок, по оној на Комисијата од Лекарската комора која по стучниот надзор во Билницата во Струга не најде пропусти во оперирањето и лекувањето на родилката од Дебар.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Полициска акција во Скопје – пронајдени пет килограми марихуана кај татко и син

Скопјанка се обидела да избега од Црна Гора откако усмртила куче, уапсена на граница

Претседателот на опозициската турска партија му честиташе на Зејнула за министерската функција