Утрински Весник
Македонија

Филипче: Немам дилема да се вакцинирам со вакцината на „Астразенека“

Филипче: Се подготвуваат капацитети за есен – ќе се поставува модуларна амбуланта до Клиниката за пулмологија

Министерот за здравство, Венко Филипче вели дека лично нема никаков проблем да се вакцинира со вакцината на „Астразенека“ чија употреба во многу земји е стопирана оти предизвикувала згрутчување во крвта. Тој најави дека за конечна одлука за оваа вакцина која се очекува до крајот на месецов да стугне во Македонија, ќе ја чека одлуката на Европската медицинска агенција (ЕМА).

„ Ќе ги чекаме препораките од ЕМА и ќе се водиме по нив. Во земјава се користат само безбедни и проверени вакцини. Јас немам дилема лично да се вакцинирам со оваа вакцина“, рече министерот Филипче.

Пред да стигнат вакцините, министерот Филипче најави дека ќе се вакцинира со првата вакцина што ќе стигне во земјава за да даде пример на граѓаните, но кога стигнаа вакцините на „Фајзер“ го смени мислењето. Не се вакцинираше со објаснување дека не сака да им го земе редот на колегите здравствени работници кои работат со болните од Ковид – 19.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика

Димитријевиќ: СДСМ ќе покаже нова енергија и нова визија во креирањето на политиките

ЕСМ понуди поскапа цена на тендерот на ЕВН ХОУМ