Утрински Весник
Свет

Германски епидемиолог: Ги олеснивме мерките, но бројот на заразени почна да расте

Германски епидемиолог: Ги олеснивме мерките, но бројот на заразени почна да расте

Заразата на коронавирусот експоненцијално расте во Германија, изјави Дирк Брокман, експерт на Институтот за инфективни болести „Роберт Кох“, наведувајќи дека ризикот од вакцината на „Астразенека“ е релативно низок.

Од денес, бројот на заразени е 83,7 на 100.000 жители неделно, што е зголемување во споредба со 68 од пред една недела, соопштија од Институтот, додавајќи дека бројот може да достигне 200 до средината на следниот месец, пренесува „Ројтерс“.

„Ние сме точно на крилото на третиот бран на пандемијата на Ковид-19. Тоа веќе не може да се оспорува. И, во моментот ги олеснивме ограничувањата и тоа го забрза експоненцијалниот раст“, рече Брокман за германската телевизија АРД.

Германската канцеларка Ангела Меркел и државните лидери се договорија овој месец за фазно ублажување на ограничувањата и итни акции ако три дена по ред, бројот на заразенинадмине 100 на 100.000 жители.

Вчера, Германија ја суспендираше употребата на вакцината на „Астразенека“ против Ковид-19, со што стана последната во низата од неколку европски земји што ја прекинаа вакцината по извештаите за нарушувања на коагулацијата на крвта кај некои пациенти.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Службата за безбедност на Украина уапси осуммина осомничени за попречување на мобилизацијата

Троjцата Американци ослободени во размената на затвореници со Кина се вратија дома 

Грузиската полиција со водени топови против демонстрантите кои протестираат против владината одлука да го одложи барањето за пристапување во ЕУ