Утрински Весник
Македонија

Oпозицијата прашува дали притворот на Камчев е за да не се дознае каде завршиле парите од „Рекет“

Oпозицијата прашува дали притворот на Камчев е за да не се дознае каде завршиле парите од „Рекет“

Oпозицијата прашува дали притворот на бизнисменот, Орце Камчев е за да не се дознае каде завршиле парите од „Рекет“, односно да не се бараат кај премиерот Зоран Заев и Вице Заев.

„Првоосудениот во Рекет Бојан Јовановски јавно посочи дека милионот на Камчев од изнудениот рекет треба да се бара кај Зоран и Вице Заеви. Го апси ли Заев Камчев за да не пропее за Рекет?! Дали Заев се плаши дека Камчев ќе каже каде завршиле парите од Рекет?! Се плаши ли Заев дека ќе се потврди сведочењето на Бојам Јовановски – Боки 13, дека парите од Рекет завршиле кај Зоран и Вице Заеви?! Прикрива ли Заев траги со апсењето на Камчев и кој е планот на врвот на власта за забошотување на криминалите во своите редови? Дали откако беа фатени во обид за лапање провизија од вакцините, мора и да дефокусираат јавност?!“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека времето е се пократко, а Заев ќе мора да одговори – каде се парите од Рекет?!

„Врвот на октоподот е Зоран Заев, а вистината ќе излезе на виделина. Колку и да се обидуваат да сокријат, бегање од правдата нема да има“, додава ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите