Утрински Весник
Македонија

На Дрисла уништен путерот со изминат рок

На Дрисла уништен путерот со изминат рок

Запленетиот увозен путер со изминат рок, во количина од скоро 4,5 тони, е уништен на депонијата Дрисла, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Во неколку последователни контроли на АХВ во млекарницата „ Евро Млекара ДООЕЛ“, Скопје, и кај дел од нејзините дистрибутери, повлечени се вкупно 4.325 килограми увозен путер, за кој е утврдено дека е со изминат рок до 2019 година.

Производот беше повлечен бидејќи е утврдено оти рокот на декларацијата (13.02.2021 година), не соодвествува со увознатна документација за производот, според која, рокот на употреба бил до 2019 година.

„ При дополнителни контроли во истата млекарница и кај дел од дистрибутерите запленети се нови количества на путер со изминат рок на употреба, со што вкупната количина на запленет увозен путер, достигна скоро 4,5 тони“, соопшти АХВ.

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, Љупчо Николовски, вчера побара целосна истрага и одговорност за запленетиот путер со поминат рок.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер