Утрински Весник
Економија

Падот на потрошувачката во Германија е најсилниот во последниот половина век

Падот на потрошувачката во Германија е најсилниот во последниот половина век

Пандемијата на коронавирус предизвика најголем пад на потрошувачката на домаќинства во Германија во 2020 година.

Ваков сличен пад земјата последен пат има претрпено во 1970 година, објави германскиот завод за статистика.

Поради коронавирусот, потрошувачката падна за пет проценти, а пандемијата ја погоди потрошувачката посилно од финансиските и економските кризи во 2008 и 2009 година.

Пад на потрошувачката е забележан во скоро сите области, особено во првата половина на годината, откри заводот за статистика, истакнувајќи дека во првиот бран од пандемијата, германците не трошеле на железнички или воздушен транспорт ниту пак излегувале во ресторани.

Тие потрошија нешто повеќе само на храна и пијалоци, па потрошувачката на оваа храна во цела 2020 година се зголеми за 6,3 проценти.

Во втората половина на годината, германците беа поподготвени да трошат на трајни производи за широка потрошувачка, вклучувајќи автомобили, мебел и поголеми електрични апарати, па потрошувачката порасна за 7,8 проценти на годишно ниво.

Поттик за зголемена набавка на трајни производи за широка потрошувачка веројатно беше привременото намалување на стапката на данок на додадена вредност, велат од заводот за статистика.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

„Иловица-Штука“ меѓу најнапредните нови рударски проекти во Македонија во време на очекуван недостиг на бакар

Битиќи: Државата им должи 694 милиони евра на компаниите, а власта дополнително ја намалува поддршката за стопанството

Најнапредните хуманоидни роботи во светот доаѓаат во Скопје на ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026