Утрински Весник
Свет

Британски експерти: Ќе мора редовно да се вакцинираме против Ковид-19

Британски експерти: Ќе мора редовно да се вакцинираме против Ковид-19

Поради новите соеви на коронавирусот кои се позаразни и кои го заобиколуват човечкиот имунитет ќе биде потребна редовна ревакцинација против коронавирусот, изјави шефицата на британскиот институт кој работи на секвенционирање на геномот на коронавирусот.

Ковид-19 уби повеќе од 2,65 милиони луѓе ширум светот од неговото појавување во Кина кон крајот на 2019 година.

Вирусот мутира на секои две недели, побавно од грипот или ХИВ, но доволно за да бидат потребни модификации на вакцините, велат експертите.

Шерон Пикок, шеф на британскиот институт истакна дека играта „мачка и глушец“ со коронавирусот бара меѓународна соработка, пишува Ројтерс.

„Треба да прифатиме дека секогаш ќе ни треба повторна вакцинација, имунитетот против коронавирусот не трае вечно“, рече Пикок.

„Ние веќе ги менуваме вакцините за да се справиме со еволуцијата на овој вирус, се појавуваат варијанти со комбинација на поголема зараза и можност делумно да се заобиколи нашиот имунолошкиот одговор”, додаде научничката од Британија.

Таа е убедена дека редовната ревакцинација, како што е против грипот, ќе биде неопходна заради идните видови од коронавирусот, но истакна дека напредокот во производството на вакцини дозволува вирусот да се развие навреме.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трагедија на протестите во Непал – жива запалена сопругата на поранешниот премиер

Објавуваа за луксузниот живот на политичарите, па владата ги укина социјалните мрежи, како започнаа протестите во Непал

Претседателката на Молдавија: Русија сака да нè претвори во отскочна даска за напади во ЕУ