Француската актерка Корин Масиеро се соблече гола на сцената за време на свечената церемонија на доделувањето на „Цезарите“ во Париз, во знак на протест против повеќемесечното затворање на театрите и киносалите за услови на пандемија на коронавирусот.
На градите имаше напишано „без култура нема иднина“, а на грбот „вратете ни ја уметноста Жан“, како порака до премиерот Жан Кастекс.
57-годишната Масиеро беше на сцената за да ја додели наградата за најдобар костим. На себе имаше магарешки костим и фустан со крвави флеки, пред да се соблече пред публиката.
Фрацускиот еквивалент на „Оскарите“, во нормални околности, е најголемата ноќ на календарот на француското кино, но на церемонијата во петокот (12 март) немаше сијалички на црвениот тепих и немаше партнери во прегратките на номинираните.
Церемонијата се одржа во театар, а гневот и фрустрацијата растат кај актерите, музичарите и уметниците поради неподготвеноста на владата да одреди датум за повторно отворање на музеи, галерии, концертни сали и филмски куќи.
Во говорот за отворање на церемонијата, Марина Фоас, една од најпознатите француски комичарки, изрази критика кон владата поради повеќемесечното затворање на театрите и киносалите.