Утрински Весник
Свет

Хан: Брисел не е виновен за нерамномерната дистрибуција на вакцини

Хан: Брисел не е виновен за нерамномерната дистрибуција на вакцини

Европскиот комесар за буџет и администрација, Јоханес Хан, ги отфрли тврдењата на австрискиот канцелар, Себастијан Курц, дека не се почитува рамномерната дистрибуција на вакцините против коронавирус.

Комесарот од Австрија, кој е од редовите на Народната партија на Курц (ОВП), за „Салцбургер Нахрихтен“ изјави дека вината за тоа што некои земји на ЕУ добиле повеќе вакцини отколку што треба според бројот на жители не може да се припише на Брисел.

Тој истакна дека факт е дека некои земји, како Малта или Данска, целосно го исцрпиле својот контингент, додека други, како Австрија, не го сториле тоа.

Хан посочи дека, за жал, земјите претежно играле на картата за значително поевтини вакцини од „Астразенека“ и дека сега тие се погодени од проблеми со испораките на тој производител.

Меѓу тие земји, вели Хан, е и Австрија, која во голема мерка ја градеше својата стратегија за вакцинација со вакцината на „Астразенека“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Маж се здоби со тешки изгореници од струен удар додека правел селфи на покрив на воз во Германија

Вооружена банда мотоциклисти киднапирала повеќе од 60 луѓе во северозападна Нигерија

Кина повторно воведe портокаловo ниво за опасност од дождовни бури