Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Подмладената Македонија убедливо поразена во Данска

Подмладената Македонија убедливо поразена во Данска
300x250 opst2

Македонската ракометна репрезентација забележа катастрофален пораз во Алборг, од Данска 21:37 (11:17). По четири кола во квалификациската група 7, за пласман на Европското првенство Данска и Македонија имаат по три победи и еден пораз и се наоѓаат на првите две места.

Подмладената македонската репрезентација, без Лазаров, Миркуловски и Стоилов, немаше никакви шанси со дуелот со светскиот првак, кого го победија пред три дена во Скопје.

Македонските ракометари, во Амлорг, беа рамноправни само во првите 15 минути. Во тој период Данска најчесто имаше предност од еден гол. Кога Данците создадоа разлика од пет гола, Мелер на голот го замени Ланди и на крајот тој беше играч на натпреварот.

Голманот на Барселона ја „спушти ролетната“, беше нерешлива енигма за македонските репрезентативци и на крајот имаше дури 16 одбрани.

Данците првиот дел го добија со седум гола разлика (17:11), во вториот дел во 34.минута дојдоа до двоцифрена разлика, за на крајот да победата со максималната разлика која ја имаа во текот на мечот.

На овој меч Македонија ја предводеше Кузмановски со пет гола, два помалку постигна Велковски. Кај Данците покрај голманот Мелер се истакнаа Гитсел со седум и Тофт Хансен со пет гола.

Фото/.facebook.com/ehfeuro

> Подмладената Македонија убедливо поразена во Данска <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН

На Матка ќе се одржат две кола од Светскиот куп во кајак на диви води

Распродадени билетите за македонските фанови за дуелот со Белгија во Гент