Утрински Весник
Македонија

Затворен бар со стриптизети, а во Скопје затворени и два познати скопски локали

Затворен бар со стриптизети, а во Скопје затворени и два познати скопски локали

Во акција на пазарниот инспекторат пет објекти во Скопје се затворени – четири кафеани и една игротека.

Меѓу затворените е и еден бар со стриптизети во скопското село Крушопек. Барот бил полн, воопшто не се почитувале протоколи и работно време, а за време на контролата имало и неколку стриптизети кои ги забавувале гостите.

Во ТЦ „Мавровка“ бил затворе уште еден угоститетлски објект информираат надлежните а исто така казнета е и игротека каде се славело роденден со повеќе славеници.

„Тоа што синоќа го видовме на терен беше како воошто да нема пандемија“, вели директорот на Пазарниот инспекторат, Стојко Пануновски.

„ Во центарот на Скопје ги затворивме локалите ‘Интермецо‘ и ‘Три кичен‘. Казната е забрана за работа од 10 до 30 дена, парична казна од 5.200 евра, како и прекршочна пријава. Знаеме дека на многу места не се почитуваат протоколи и ако сега не сме интервенирале, ќе дојдат на ред и тие. Ние сме тука, не одиме никаде и постојано сме и ќе бидеме на терен“, изјави Пауновски.

Гостите кои биле во кафулињата за време на контролата не биле казнети.

Пазарниот инспекторат не може да изрекува казни на физички лица, туку само на правното лице и да го затвори објектот. Гостите може да ги казни само полицијата по основ непочитување на ковид протоколи.

Според протоколите за работа на угостителските објекти во услови на пандемија, забрането е да се прават забави, да има жива музика и да се пушта гласна музика.

Забрането е стоење на шанк и на високи маси , на маса може да седат само по 4 лица и треба да се одалечени на 1,5 метар.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината

Неработни денови за 2025 година

СДСМ во среда избира нови секретари и потпретседатели: Ќе има ли изненадувања?