Утрински Весник
Свет

Заклучувањето во Грција продолжено за уште најмалку 10 дена

Заклучувањето во Грција продолжено за уште најмалку 10 дена
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Грчката влада најави затворање на сите училишта во земјата и вклучување на уште три региони во црвената зона поради зголемувањето на бројот на новозаразени со коронавирусот и притисокот врз болниците.

Заменик министерот за цивилна заштита, Никос Хардалиас, најави построги ограничувања на јавното движење и полициски час за регионите на Халкидики на северот на Грција, Евријанија во централниот дел на земјата и источниот егејски остров Лезбос, пишуваат грчките медиуми.

Ограниченото движење ќе биде продолжено за уште најмалку 10 дена во регионот Атика.

Грчките здравствени власти посочуваат дека состојбата со епидемијата се влошува и покрај строгите мерки и проценуваат дека во Грција во моментов има околу 20.000 активни случаи на коронавирус, од кои половина се во Атина.

Во Грција дневно во просек се регистрираат околу 2.100 нови случаи на Ковид-19.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Швајцарските власти: Барот во Кран Монтана имал повеќе излези

Четворица повредени од пожарот во Кран-Монтана префрлени на лекување во Германија

Нови правила за патување во ЕУ